По три децении на едно место ќе се соберат поранешни акцијаши

Од:

По три децении во Охрид од 31-ви мај до 2. јуни на едно место ќе се соберат поранешни акцијаши од повеќе градови од пранешните југословенски простори кој годините од минатиот век ја градеа поранешната заедничка држава.Средбите се во организација на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, и на нив ќе земаат учество повеќе од 200 бригадири од 32 градови од целиот Балкан.

„Целта е тие да се потсетат на брегот на својата младост, но и на местата кои ги градеа со несебичен ентузијазам, како водоводот Метропол – Охрид, патот Охрид – Ресен, ископувањето на Амфитеатарот во Охрид, но и работите изведени на многу други места низ Македонија, но и многу подалеку. Тука секако треба да се спомнат автопатот Братство-Единство, Стрежево, Мариово, Скопје, Попова Шапка, Плачковица, сите објекти во кои бригадирите вложија дел од себе и нераскинливо се поврзаа со Охрид и Република Македонија, порачуваат организаторите од „Брег на младоста“.

Според претседателот на оваа организација, Зоран Стевоски, идејата е, од Охрид, пламенот на акцијаштвото да се прошири низ цела Македонија и пошироко.

„Во Охрид повторно ќе започне бајката „Брег на младоста“, бајка која се одвиваше во далечната 1984 и 1985 година. На истата локација ќе се соберат луѓе од поранешните југословенски простори, сега веќе познати признати лекари, професори, вредни рудари и металци. Покрај нив ќе има и студенти и ученици. Ќе дојдат да се дружат, да се забавуваат но и да работат“ вели Стевоски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице