Англичанецот Метју Гоу преживеа пад од 300 метри и помина само со полесни
телесни повреди.
Тој е љубител на екстремните спортови, особено на скокањето со падобран. Досега тој има над 180 скокови, но повеќето од нив не се од авион, туку од високи карпи или планини.
Но неговиот последен обид да скокне со падобран од карпа висока 300 метри заврши како во хорор филм.
Тој скокнал од карпата, но падобранот се заплеткал и Метју со огромна брзина паднал на земјата.
Оваа страшна глетка била снимена со мини камерата монтирана на неговата заштитна кацига, а на видеото се гледа хоророт низ кој поминал тој.
Овој 25-годишен љубител на екстремните спортови вели дека имал огромна среќа, додавајќи дека некој од горе внимавал на него во овие мигови.