Истражувачите укажуват дека Тајланд е пример во светот за тоа како да се излезе на крај со глобалната криза со храната – одгледувајќи инсекти за исхрана.
Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) ги објави резултатите од студијата и прирачникот за така нареченото „шестоножно богатство“, под што се подразбираат инсектите и црвите кои можат да се јадат и со кои ќе се задоволи глобалната побарувачка за храна, за која се предвидува дека до 2050 година ќе се зголеми за 60 проценти.
ФАО тврди дека инсектите и црвите се богат извор на протеини, витамини и минерали.
Студијата е објавена на Тајланд, каде инсектите, меѓу кои штурците, скакулците и бамбусовите црви одамна се вклучени во исхраната, посебно во селските средини.
Според ентомологот Јупе Ханбунсонг на Тајланд се јадат 200 видови инсекти и црви.
Вредноста на индустријата на штурците за јадење во Тајланд се проценува на 30 милиони долари, но само уште неколку други видови инсекти се комерцијализирани.