Во Македонија 164 објекти со паркинг места

Од:

Државниот завод за статистика (ДЗС) на крајот на минатата година во Македонија регистрирал функционирање на 164 паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање со површина од 370.305 метри квадратни.

Според обработените податоци, 13.629 места за паркирање, со површина од 299.927 метри квадратни се на отворен простор, а 1.496 паркинг места со површина од 31.410 метри квадратни се во покриени гаражи. Во катните гаражи има 1.349 места за паркирање со површина од 38.968 метри квадратни.

Со истражувањето се опфатени деловни субјекти за јавни паркиралишта во Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Битола и Гевгелија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски