Јанкулоска на конференција на министри за внатрешни работи во Блед

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествува на Конференцијата  на министрите за внатрешни работи од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во рамки на „Брдо процесот“, што се одржува од денеска во Блед.  Јанкулоска ќе се обрати на сесијата на министерската конференција посветена на визната либерализација, предвидена за утре.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека  во тек на конференцијата Јанкулоска ќе учествува и на деветтиот состанок на Комитетот за полициска соработка на земјите од ЈИЕ, што годинава се одржува под претседателство на Албанија.

За попладне е најавена билатерална средба на Јанкулоска со домаќинот на министерската конференција, нејзиниот словенечки колега, Грегор Вирант, а за вечер со министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи.

За утре претпладне е предвидена билатерална средба и со хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ на која треба да биде парафиран Протоколот за полициска соработка за претстојната туристичка сезона.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он