Секој четврти Французин има верба во владината борба против тероризмот

Од:

Французите ја губат довербата во нивната влада во борбата против тероризмот. Тоа го покажува најновото испитување на Фидусиал/Одокса, објавено од „Фигаро“, направено по обезглавувањето на професорот по историја и географија Самуел Пати во „Конфлан-Сен-Онорин“ (Ивелини) и пред последниот напад во Ница.

Само 26 отсто од Французите сè уште имаат доверба во способноста на властите да ги заштитат, што претставува спектакуларен пад од 18 поени од јули и седум поени за една недела.

Иако испитувањето е направено во жарот на многу силната национална емоција предизвикана од атентатот врз наставникот, резултатите од оваа истрага зборуваат за трендот.

-За четири години, повеќе од 40 отстоод Французите веруваа дека владата е способна да ги заштити, со исклучок на октомври 2019 година, ден по нападот на седиштето на полицијата во Париз (36 отсто) , наведуваат аналитичарите кои додаваат: – Различните напади што ја погодија Франција во овој период очигледно имаа ефекти врз овој индикатор, но тие останаа содржани (од 7 до 8 поени) .

Авторите на барометарот притоа заклучуваат:

-Во овој месец октомври, релативниот кредит на владата за терористичкото прашање целосно се распаѓа“. Тој слабее од летото, падна од 44 отсто во јули на 33 отсто на 15 октомври. Во време кога големи закани се надвиснуваат на прославата на Денот на сите светци, но исто така и напнатоста со враќањето од распуст во училиштата следниот понеделник, зајакнувањето на безбеднсоните мерки никогаш не изгледало толку императивно за враќањето на довербата.

Сè уште според анкетата, спроведена една недела пред нападот во Ница, 57 отсто од Французите веруваат дека полицијата е „недоволно присутна и видлива пред верските места“. Најавеното засилување со 4.000 војници од операцијата „Сантинел“ околу гробиштата и местата за богослужба е со цел да ги увери дека владата работи на нивната безбедност.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток