Најмалку 12 загинати и над 400 повредени во земјотресот во Турција

Од:

Најмалку 12 луѓe загинаа и над 400 се повредени во земјотресот во Турција. Тоа го соопшти попладнево Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

Земјотресот со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир.

По силниот земјотрес што ги потресе Турција и Грција во 11:51 часот, следуваа земјотреси од 4,9 степени во 13 часот и 5,2 степени во 15.14 часот.

Епицентарот на последните два земјотреси, според податоците објавени на веб-страницата earthquaketrack.com, бил во близина на островот Самос, на само триесетина километри од познатото турско летувалиште Кушадаси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Берово и околината

Нов земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Земјотрес го затресе Скопје

Предраг Петровиќ

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

По петте земјотреси за 10 минути, на Халкидики и шести земјотрес