Француските полицајци во 15-от округ на Париз употребиле гумени куршуми и електрошокер за да совладаат човек што ги нападнал, вооружен со ножеви, јавија локалните медиуми.
Според информациите на службите за вонредни ситуации, полицијата излегла на местото на инцидентот поради пријава за семејна кавга. Како што пишуваат медиумите, мажот, чијашто возраст не е соопштена, има ментално пореметување, а се обидел со нож да ги повреди полицајците, извикувајќи „Алах е голем“.
Rues Viala et Dussane (au fond à droite) un peu après 15 heures. pic.twitter.com/68vBnQSXuk
— Montmartrois (@Pairedailes) October 30, 2020
Во инцидентот нема повредени, соопшти полицијата.