Филипче: За три недели очекуваме пад на бројката

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, очекува новите мерки да го намалат бројот на новозаразени од Ковид-19 и со тоа да спласне притисокот врз болниците.

„Целта на овие мерки е доколку доследно се почитуваат да дадат резултат. Резултатите од воведените мерки не само кај нас туку и во другите земји доаѓаат по три до четири недели, толку трае циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот, такви се и нашите очекувања“, рече Филипче на Скопскиот аеродром, каде ја прими донацијата 60 респираторни машини од НАТО.

Сепак, вели дека е неблагодарно да се даде прогноза, бидејќи многу од предвидувањата не се остварија.

„Респираторите ќе бидат распределени во Инфективната клиника, во болницата „8 Септември“ , Клиниката за анестезија – КАРИЛ, сите клинички болници и неколку општи болници каде се леуваат пациентите“, рече Филипче.

Во моментов се уште се примаат пациенти во Козле, а следната институција која ќе прима пациенти е Институтот за белодробни заболувања.

„Има кадар којшто има огромно искуство и знае да управува со овие машини, пред се анестезиолози“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

(ВИДЕО) Филипче: Итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи

Горан Наумовски

Филипче бара медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ