Османи-Линкевичиус: С.Македонија да ги почне преговорите без никакво одложување

Од:

Ја цениме принципиелната позиција на Литванија за поддршка на европскиот пат на Северна Македонија, а особено сме благодарни што го препознавате нашиот напор, со добра волја и низ дијалог да ги надминуваме сите отворени прашања до затворањето на преговарачката рамка и до одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Ова денеска го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на видео-средбата со министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус.

Министрите, како што соопшти МНР, разменија мислења и за добрососедските односи и за состојбите во регионот.

-Остануваме посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорите со Грција и Бугарија, затоа што преку нив создадовме нова енергија и придонесовме за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот, подвлече Османи.

Министерот Линкевичиус укажа на безрезервниот и одлучен став на Литванија за продолжување со континуираната и видлива поддршка на нашата европска интеграција, пренесе дека Литванија останува отворена за споделување на искуства во сите области во Европската Унија и во преговарачкиот процес за кои нашата страна ќе покаже интерес.

Во разговорот беа разгледани можностите за продлабочување на соработката на билатерален план, подготвеност за нови твининг проекти, соработка со Литванскиот институт за јавна администрација, економската дипломатија, кризен менаџмент и друга експертска помош.

Видео средбата е дел од серијата средби што Османи во текот на изминатиот период ги остварува со своите хомолози кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ, сѐ со цел, да се пренесе пораката за првиот приоритет на Северна Македонија – усвојувањето на Преговарачка рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на Германија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија