Азербејџанската армија се доближи на пет километри од клучниот град Шуши

Од:

Азербејџанската армија денеска се доближи на само пет километри од клучниот град Шуши во Нагорно Карабах по еден месец интензивни судири со ерменската армија, додека дипломатите од двете земји се подготвуваат за посериозни разговори за ставање крај на конфликтот околу спорната територија.

Лидерот на Нагорно Карабах, Арајик Хартјуњан, рече дека азербејџанските сили се приближиле на пет километри од стратешки важниот град Шуши и ги повика жителите да се мобилизираат за да го одбијат нападот.

– Оној што го контролира Шуши го контролира Нагорно-Карабах. Мора да го сфатиме тоа и да го браниме Шуши. Мораме да ја свртиме ситуацијата во наша корист, рече Хартјуњан во видео порака од градската црква, која беше сериозно оштетена од гранатирање од азербејџанската страна.

Шуши е на само пет километри јужно од главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска