Хронологија на настаните во Франција кои доведоа до денешните напади во Ница и Авињон

Од:

Растечките тензии меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и дел од муслиманите почнаа во првата половина на октомври, на час во Париз, кога професорот Самуел Пати сакаше да им објасни на студентите што значи слобода на изразување, покажувајќи им карикатура на пророкот Мухамед, а кулминираше со денешните напади во Ница и Авињон.

Лице, кое слушнало за настанот на часот, сакаше да му се освети на професорот така што му ја отсече главата на 16 октомври, во северозападниот дел на Париз.

Очевидци изјавија дека напаѓачот (18), родум од Чеченија, извикувал „Алах е голем“, а потоа полицијата го ликвидирала.

Реагираа бројни француски политичари, пред сè претседателот Емануел Макрон, кој злосторството го нарече „исламски тероризам“.

Во тој момент, многу муслимански земји се poчувствуваа навредени затоа што за нив богохулство прикажување на пророкот Мухамед во кој било друг контекст освен религиозен, а меѓу најгласните беше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој повика на бојкот на француската стока, велејќи дека „Макрон мора да оди на преглед на главата “.

Во повеќе земји се одржаа протести против Макрон, меѓу кои и во Бангладеш и Пакистан.

Ситуацијата дополнително “зовре“ вчера, кога сатиричниот весник Шарли Ебдо, кој беше цел на терористички напад во 2015 година, на насловната страна објави навредлива карикатура на Ердоган.

Турција веднаш реагираше и најави тужба против водечките лица на весникот.

Денеска, терорист влезе во базиликата Нотр Дам во Ница и уби три невини лица. Тој извикувал „Алах акбар“ додека ги убивал двете жени и еден маж. На најстарата жртва, жена на возраст од околу 70 години и ја отсече главата, 45-годишен маж е избоден до смрт, а жена на возраст од околу 30 години почина во кафуле близу црквата, кога тешко ранета се обидела да побегне од терористот. Полицијата брзо стаса на местото на настанот, го рани напаѓачот и го одведе во притвор. Освен тројцата убиени, во нападот се повредени уште неколку лица. Турција најостро го осуди нападот.

Во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

Француската полиција денеска уапси и радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток