МАНУ: При издавањето на IV том од „Собраните дела“ на К.Мисирков е направен административен пропуст

Од:

Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека го разгледала дописот на директорот на Државниот архив на Република Македонија Зоран Тодоровски  со коj бара повлекување на IV том од „Собраните дела“ на Крсте П. Мисирков. Оттаму наведуваат дека при издавањето на  овој том е направен административен пропуст и не е побарана согласност за негово преобјавување од Државниот архив.

Поаѓајќи од значењето на Мисирков за македонската историја и култура и значењето на изданието на МАНУ „Собрани дела“ на Крсте П. Мисирков, од МАНУ изразуваат уверување дека Државниот архив на Република Македонија ќе има разбирање и подготвеност да ја даде неопходната согласност.

Во изданието на МАНУ покрај Дневникот на Мисирков, првично објавен како заедничко издание на Државниот архив на Република Македонија и на Државната агенција „Архиви“  на Република Бугарија, се објавени уште два дневнички записа на Мисирков. Во согласност со Законот за авторското право и сродните права (член 117), издавачкото право на респективниот Дневник му припаѓа на Државниот архив на Република Македонија, како прв негов издавач на македонски јазик, стои во соопштението од МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски