Лазаровски: СДСМ не мрднаа со прст за Крива Паланка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција реагираше на „работното лето“ на СДСМ кое викендов е во Крива Паланка.

„Наместо “работно лето” по острови, им препорачуваме да ги посетат граѓаните од Крива Паланка кои остана без работа, буквално на улица во времето кога СДСМ им ги затвори фирмите. Да ги посетат невработените од:

-Пелагонија, Малина, Гигантот Карпош ( Декор, Конфекција, Предилница) фирми кои се затворија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски

-невработените од Тигар, Угостител, Бентомак – рудник, Пролетер, Крива Река, 8-ми -Октомври фирми кои се упропастија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски

како и да ги посетат невработените Рудник Тораница, Килимара исто така затворени во време на СДСМ“, рече Сашо Лазаровски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

Според него се на се 5000 отпуштени работници во Крива Паланка биле од Приватизација на Бранко Црвенковски.

„Тоа се над 5 илјади семејства оставени без егзистенција во град со петнаесетина илјади жители. Значи половина од семејствата беа дојдени до работ на егзистенција поради погубните политики на СДСМ и Црвенковски.

Кога веќе ќе отиде Црвенковски во Крива Паланка нека им објасни на граѓаните зошто не ја изгради пругата кон Бугарија која вети дека ќе ја доврши за само две години.

СДСМ треба да им објасни зошто кадрите од оваа партија кои доаѓаат од овој град со прст не мрднаа за Крива Паланка.

Каде е градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски кој е од Подржи Коњ Крива Паланка. Него единствено што го паметат жителите на Крива Паланка се сомневањата за негова директна вмешаност во уништувањето на Гигантот Карпош кој броеше 2000 вработени. За илустрација последната машина набавена за фабриката Карпош вредеше 1,5 милиони марки… а фабриката на продажба беше дадена по цена од 350 000 марки.

Каде е Тито Петковски кој во овие 20 години ниту еден ,,камен“ нема донесено во Крива Паланка,

-Милојко Ангеловски- поранешен директор на Бентомак фирма кој отиде во стечај, подоцна патеник од СДСМ Крива Паланка. По мандатот осуден за криминална приватизација, но како по обичај беше аболициран од Бранко Црвенковски.

Драги Трајчевски – Поранешниот Градоначалник кој ја задолжи општината со 650 000 евра, кој со евиденцијата има прокнижено дека во Месноста Бојанов Дол има изградено целосна канализациона Мрежа, а на терен нема никaква трага од тоа (случај за кој се води судска постапка). Градоначалник кој беше запамтен како плаќач на сметки по локалните кафеани на функционерите од СДСМ.

Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Крива Паланка.

Бранко Црвенковки и СДСМ не само што затвораа фабрики и отпуштаа луѓе од работа, не само што незнаат да одговорат каде се трошеа парите во нивно време, туку очигледно е дека толерирале криминал. Е зошто било така, Црвенковски треба да им каже на луѓето од Крива Паланка“, рече Лазаровски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто