Совет на безбедност: Додека не пристигне вакцината, нема друг спас освен почитување на мерките

Од:

Во отсуство на вакцина или лек за оваа болест нема друга алтернатива освен доследно почитување на протоколите, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност.

Министерот Филипче ги информирал за најновата состојба и плановите за работа на болниците низ Македонија за напливот на нови пациенти.

„Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб. Се следи состојбата насекаде во светот и Европа. За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме поголеми бројки на заболени. Сведочиме дека најразвиените земји и економии тешко излегуваат на крај со пандемијата“, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, ниту во Владата, ниту во Министерството не е собран сиот ум и искуство во светот, па затоа секоја критика е добредојдена.

„Мора да постои добра волја и подготвеност сите корисни идеи да бидат прифатени. Оваа ситуација не треба да се користи за добивање на политички поени“, рече Пендаровски.

Тој во името на сите присутни во состанокот да им се заблагодари на сите вклучени во борбата со Ковид-19.

На денешната седница отсутни беа професорот Ненад Марковиќ кој имал работни ангажмани и министерот Оливер Спасовски кој отсуствуваше бидејќи е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски