(ВИДЕО) Унчевски: Целосно се реконструира паркинг просторот долж булевар „Јане Сандански”

Од:

„Локалната власт во Општина Аеродорм предводени од СДСМ постојано вложува во унапредувањето и подобрувањето на инфраструктурата во нашата општина.

Во моментов се одвива реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булевар „Јане Сандански“, почнувајќи од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ до раскрсницата со булевар „Србија“.

Заврши третата фаза од реконструкцијата на овој паркинг простор, односно целосното асфалтирање, а во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат соодветно обележани паркинг -местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Исто така ќе се изврши целосна реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од околу 36 илјади квадратни метри“, рече Сашо Унчевски од ОО СДСМ Аеродром.

„Како одоговорна партија работиме во интерес на граѓаните и преземаме конкретни мерки што носат квалитетни и видливи резултати.

Во наредниот период продолжуваме посветено да вложуваме за развојот и иднината на општина Аеродром.

Градиме по план во интерес на сите граѓани и ги решаваме нивните проблеми, работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, изјави Сашо Унчевски од ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски