Полицаец од Куманово фатен на дело како прима поткуп за да спречи истрага против фирма

Од:

Полицаец од Куманово вечерва е приведен за поткуп за наводно спречување истрага против правно лице.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ, соопшти МВР.

Како што појаснуваат, полицаецот, од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против тоа правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери.

Од полицијата информираат дека сопственикот на фирмата го пријавил случајот во МВР по што вечерва во Куманово, во просториите на фирмата, тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2.000 евра, а откако ги зел парите, полицаецот бил приведен.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски