Собранието го донесе Законот за научно-истражувачка дејност, ќе продолжи со работа во 19 часот.

Од:

Во продолжението на 19-тата седница, Собранието попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Законот за научно-истражувачка дејност, по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека Собранието ќе ја продолжи работата во 19 часот, а во меѓувреме продолжува расправата во Комисијата за здравство, на која повеќе од пет часа се дебатира за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Претходно, Џафери ја почна седницата со образложение дека Комисијата не ја завршила својата работа и дека ќе продолжат со другите точки.

-Собранието се изјасни по барањето за точката која одлучивте да биде прва. Според процедурите на собранието Комисијата требаше да заврши до почетокот на седницава, но не е завршена. Јас во целост ги разбирам политичките одлуки во партиите и партиските органи, но да разберете дека Собранието работи по процедура и Деловник, истакна Џафери и ја продолжи седницата по другите точки.

За Законот за заштита на населението од заразни болести, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаат и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он