Додека непријателствата меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах продолжуваат со несмалена жестина, ерменската страна денеска објави видео од уништување на камион од конвој кој наводно пренесувал платеници од Сирија.
Во исто време, Ерменците објавија и снимка од заробени борци на азербејџанската страна, наводно борци од Сирија, кои зборуваат арапски и признаваат дека биле обучувани од турски инструктори.
Според исказот на еден од заробените борци, идентификуван како Амин Имад ел Саид, илјадници платеници од Сирија пристигнале на боиштето во Нагорно Карабах, а едно „службено патување“ од три месеци на фронтот се плаќа 2.000 долари.