Палестинците не се кандидираат за членство во агенциите на ОН

Од:

Палестинската автономна власт (ПАВ) ја завршила целата работа за да се придружи кон 63 агенции, конвенции и договори на ОН.

Таа, меѓутоа, го одлага поднесувањето молби за приклучување за да им даде шанса на напорите на САД за обновување на мировниот процес со Израел, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на палестинскиот главен преговарач Саеб Ерекат.

Ерекат, на средбата во седиштето на светската организација во Њујорк, посветена на палестинското прашање, уверуваше дека ПАВ направила се што е неопходно за да можат претседателот на САД, Барак Обама, и државниот секретар, Џон Кери, да постигнат успех во својата иницијатива.

-Сега има комотна можност за тоа, рече тој на заседание на Комитетот на ОН за користење на неукинатите права на палестинскиот народ.

Кери денеска почнува турнеја по Блискиот исток како дел од своите напори да помогне за обновување на израелско-палестинските мировни преговори.

Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство во ноември минатата година одлучи да го унапреди статусот на Палестинците во светската организација од набљудувач во земја нечленка набљудувач.

ПАВ, меѓутоа, се уште не се кандидирала за приклучување кон агенциите и меѓународните договори под капата на светската организација затоа што на тоа се противат Израел и САД.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна