Седници на на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат собраниските комисии за труд и социјална политика, за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за заштита од вознемирување на работно место, двата во второ читање.

На дневен ред на Комисија за економски прашања се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за стечај, за енергетика и за надзор на пазарот, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за Предлог-законот за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, и двата во второ читање. На седницата на Комисијата треба да биде разгледана и Измената на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе треба да утврди повеќе предлог-одлуки, како изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија…

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се повеќе предлог-закони во второ читање, како прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска