Во светот близу 45 милиони потврдени случаи на Ковид-19

Од:

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во светот е близу 45 милиони, досега починале 1.169.595 лица или околу четири проценти, а 32.347.529 луѓе закрепнале.

Во моментов има 10.621.774 активни случаи, според податоците на интернет страницата Ворлдометерс.

Лесни симптоми на болеста имаат 99 проценти од пациентите или 10.541.893 лица, додека 79.881 пациенти се во критична состојба, односно еден процент.

Најголем број на потврдени случаи сè уште има во САД, 9.010.027, потоа следат Индија со 7.988.735, Бразил со 5.415.671, Русија со 1.547.774, и Франција и Шпанија со приближно 1,2 милиони.

Епидемиолошката состојба во Европа се влошува со рекорден број на нови случаи секој ден.

Франција води со повеќе од 33.000 пациенти во последните 24 часа, Велика Британија со 22.885, Италија со 21.994, Шпанија со 18.418 и Русија со 16.550 новозаразени.

Извршниот директор на Светската здравствена организација Мајк Рајан оцени дека на Европа и треба сериозно забрзување во борбата против пандемијата на коронавирусот и предупреди дека недостигот на капацитет за ефикасно следење на контактите може да доведе до влошување на состојбата.

Бројот на случаи во Европа е 46 проценти од сите случаи на Ковид-19 регистрирани во светот, со една третина од сите смртни случаи меѓу ковид пациентите, потсети Рајан на прес-конференцијата во Женева.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана