Владата ја одобри набавката на лекот Ремдесивир

Од:

Владата на денешната седница го одобри набавувањето на лекот Ремдесивир кој им помага на заболените од Ковид-19.

„Владата на денешната 16-та редовна седница ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, прифатен во терапијата на КОВИД-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.

Со вториот заклучок во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од 5 месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година“, се наведува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата