Османи: Како аспиранти за членство во ЕУ мора да демонстрираме успешен регионален концепт за интеграцијата на Ромите

Од:

Ромите се интегрален дел од нашите општества. Без никакви изговори мора да преземеме конкретни политички и правни мерки за што поголема нивна вклученост во сите општествени збиднувања. ЕУ интеграцијата е заеднички пат и Ромите не смеат да бидат оставени настрана. Како земји аспиранти за членство во ЕУ мора да демонстрираме успешен регионален концепт за интеграцијата на Ромите со видлив напредок во областите на образование, вработување, здравство и домување кај Ромите, рече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој во улога на копретседавач со Берлинскиот процес имаше воведно обраќање на министерскиот состанок посветен на интеграцијата на Ромите.

Мнистерскиот состанок се одржа во дигитална форма, а домаќин беше Тирана. Со воведни обраќања го поздравија еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Министерот Османи потсети дека минатата година, на иницијатива на Северна Македонија беше донесена Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамки на процесот на проширување кон ЕУ.

-Ме прави особено горд фактот што една година подоцна, во рамки на нашето заедничко претседателство со Бугарија со Берлинскиот процес правиме пресек на постигнатите резултати од имплементацијата на оваа Декларација и ги дискутираме натамошните активности, нагласи Османи.

Заклучоците од состанокот е предвидено да се вклучат во завршните документи на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија