Четворица лаборанти од Клиничката болница во Штип позитивни на Ковид-19

Од:

Четворица лаборанти од лабoраторијата во Клиничка болница-Штип се заразени со коронавирусот. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев ја потврди информацијата и вели дека од вчера во изолација се и петмина нивни колеги од болничката лабoраторија, бидејќи имале контакт со заразените.

– Во договор со Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, лабораториските анализи за пациентите ќе се прават кај нив, додека за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, но и на останaтите одделенија во болницата, ќе се прават во лабораторијата од страна на кадарот, кој не замина во изолација, рече Ѓеорѓијев.

Во моментов десет здравствени работници во Клиничка болница-Штип се позитивни на Ковид-19, од кои две лекарки, четири медицински сестри и четворица лаборанти.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор