Билјана Јовановска в.д. директорка на ПИОМ, Фатон Ахмети привремено на чело на Фондот за здравство

Од:

На својата 15-та седница, Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Согласно овие предлози, заклучено е Владата да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере поранешниот директор на институцијата, Шаип Зендељи.

Владата денеска ја прифати оставката на Орхан Рамадани и го разреши од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање, и го именуваше Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Владата ја прифати оставката на Армир Садики, и го разреши од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото го именуваше Борче Хаџиев.

На денешната седница Владата го именуваше Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези