Еко-свест: Град Скопје усвојува плански документи без ги праша скопјани

Од:

Од еколошката организација Еко-свест ги обвинуваат градските власти дека се обидуваат да усвојат важни плански документи за градот без консултации со жителите на Скопје.

„Сакаме да посочиме дека преку медиумите дознаваме дека на седницата на советот на град Скопје закажана за утре, 27.10.2020 во 11:00 часот на прва точка на дневниот ред е донесување на Зелен Акциски план за град Скопје. Иако овој план треба да ја подобри состојбата со животната средина во градот и како таков ги засега сите негови жители, досега немало никакви јавни консултации ниту соодветно информирање за процесот,“ велат од Еко-свест.

„Според член 65 од Законот за животна средина сите плански документи во оваа држава подлежат и на Стратегиска оцена за влијание врз животната средина, документ кој не е приложен како дел од документацијата заедно со Зелениот Акциски план за град Скопје. Не знаеме ниту дали Министерството за животна средина и просторно планирање како надлежен орган било консултирано и учествувало во изготвувањето на планот.

Ваквиот однос на локалните власти е сосема спротивен на заложбите на Владата која се стреми да обезбеди
транспарентност во носењето на политиките од јавен интерес во насока на приближување на нашата земја кон ЕУ.

Уште во јули 2019 година Еко-свест реагираше дека документот се работи без консултација и информирање на јавноста, што е обврска на институциите и локалните власти, но сега гледаме дека сме ставени пред свршен чин без никакво информирање на оние најзасегнати од планот – граѓаните,“ велат од невладината организација.

Град Скопје се финансира од националниот буџет и постои за да им го подобри животот на жителите на градот, а притоа мора да соработува со граѓаните како би ги согледал нивните потреби. Сметаме дека игнорирањето и избегнувањето на јавното мислење се непотребни и недозволиви, особено бидејќи Градот не би требало да стравува од критика кога се работи за ваков позитивен документ.

Сепак, транспарентноста и учеството на јавноста мора да се приоритет. Затоа бараме Зелениот акциски план да биде соодветно објавен, ставен на располагање на граѓаните во тек на 30 дена и за него да се организира јавна расправа пред неговото усвојување. Воедно, бараме Градот да поднесе барање за мислење од Министерството за животна средина за потребата од спроведување на постапка за стратегиска оцена за влијание врз животната средина. Истовремено ги повикуваме советниците да го побараат истото на утрешната седница,“ велат во реакцијата од Еко-свест.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски