Штипската општина сама ќе го организира „Макфест“

Од:

Општина Штип годинава сама ќе го организира Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција ја презентираше одлуката која ја има донесено заедно со општинската администрација.

Уметнички директор на „Макфест“ ќе биде познатата македонска музичка легенда Драган Мијалковски.

– Цениме дека овој Фестивал треба да биде нешто повеќе од ланскиот и нешто повеќе од пред две години. Лично мислам дека имаме капацитет да направиме одличен фестивал и сум силно убеден дека граѓаните на Штип ќе уживаат во сите оние нумери, песни кои ќе бидат изведени на двете вечери на фестивалот. Посебно ќе ми биде мило ако тие песни се вртат цела година на телевизиите и радијата. „Макфест“ ќе биде дефинитивно оној стариот и каде ќе се бара карта повеќе, рече Захариев.

Општина Штип за организирање на фестивалот „Макфест“ ќе издвои околу 50.000 евра.

Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи во октомври, традиционално в петок и во сабота, а годинава ќе нема посебна вечер за дебитанти.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски