Османи: Продлабочувањето на соработката со ООН е потврда за активното учество на земјата во поддршката на мултилатерализмот

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес во име на Владата заедно со Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак ја потпишаа новата Рамка за соработка за одржлив развој (UNSDCF) за периодот 2021-2025.

„Еден од петте приоритети на Надворешната политика на земјава, како дел и од мојата мандатна мисија како Министер претставува активното учество на земјата во поддршката на мултилатерализмот, како суштинска цивилизациска придобивка во остварување на траен мир и стабилност во светот. Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија и како веќе полноправна членка на НАТО, но и како земја пред самиот старт на преговорите со ЕУ, се издигнува над балканските стереотипи за држава на која ѝ е постојано потребен увоз на мир и стабилност, што претставува обврска за нас, за суштински придонес кон регионалниот и светскиот цивилизациски напредок“, истакна Османи, додавајќи дека потпишувањето на Рамката симболички се совпаѓа и со Денот на Обединети Нации, 24-ти октомври и одбележување на 75-годишнината од основањето на Организацијата.

Министерот Османи се заблагодари за целата поддршка која Република Северна Македонија ја добива од нашите меѓународни пријатели, додавајќи дека тоа претставува пред сѐ придобивка за нашите граѓани.

„Тоа се средства со кои се подобрува нашиот институционален капацитет, поддршка со која се обезбедуваат подобри услови за водење бизнис, услови за привлекување на странски инвестиции, за отворање нови работни места, за поголеми примања – на некој начин за севкупно унапредување на животниот стандард на граѓаните“, истакна Османи.

Со потпишувањето на Рамката за соработка за одржлив развој (UNSDCF) помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации беа прецизирани насоките на работата на системот на ООН во земјата за периодот 2021-2025 година што ја потврдува континуираната соработка меѓу домашните и меѓународните партнери, а со цел постигнување на нашите развојни приоритети, во рамки на Целите за одржливиот развој (SDGs) и заложбите на земјата за унапредување на човековите права.

„Значењето на овој документ е уште поголемо ако се има предвид дека активностите се комплементарни и во функција на европската интеграција на земјата“, подвлече Министерот Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија