Протест на пожарникарите на Град Скопје

Од:

Пожарникарите на Град Скопје во моментов во Бригадата во Автокоманда протестираат поради не исплаќањето на надоместокт за опасност при работа, за кој пред 18 месеци Судот донел пресуда во нивна корист, а Градот се уште не го вметнува во платата.

Како што информираше членот на иницијативниот одбор Дејан Исаевски на 18 октомври до Градот испратиле барање во платата за октомври да биде внесен додатокот и во рокот кој го дале од пет дена не добиле одговор од градските власти.

– Затоа одлучивме денеска да се собереме на мирен протест, како што доликува на најхуманата и најопасната професија и да го искажеме нашето незадоволство. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди израмнување и корекција на платата со надоместокот од судските пресуди, истакна Исаевски за МИА.

Тој најави дека доколку до крајот на денот не добијат позитивен одговор, утре ќе протестираат пред седиштето на Град Скопје.

Од Иницијативниот одбор информираат дека дежурната чета со полн капацитет ќе биде во бригадата во извршување на задачите.

Би можело да ве интересира

Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари, велат од СДСМ

Горан Наумовски

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

A1on

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on