Клиничкиот центар Сплит на конкурс бара 300 медицински сестри, се јавиле само 14

Од:

Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14.

На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште, објави весникот „Даламација“.

„Недостигот на медицински сестри е проблем многу години, особено во оваа ситуација во која се наоѓаме денес и каде медицинската сестра како професија стана, можам да кажам, дефицитарна. Бројот што е потребен според нормите што го одредуваат бројот на вработени – во моментов недостигаат околу 300медицински сестри во сплитската болница“, изјави за ХРТ, Марија Гранчиќ, главната медицинска сестра на Клиничкиот болнички центар Сплит.

„Во европските земји, на одделот за интензивна нега, има две медицински сестри на еден сериозно болен пациент, а тука на 10 пациенти работат едвај пет“, вели Марко Зораја, постар медицински техничар во КБЦ Сплит. Тој додаде дека пациентите засега не страдаат од недостиг на персонал, но „медицинските сестри и техничарите паѓаат од нозе“. Болничката плата на медицинските сестри и техничарите е од 5.000 до 7.000 куни (од 650 до 900 евра), пренесува ХРТ.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ