Во Кичево запленет кокаин, дилерот уапсен

Од:

Вчера полицајци од ОВР Кичево привеле дилер на дрога и заплениле над 100 грама кокаин и други предмети, информира полицијата.

„На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети.

Одземено е возилото, како и возило „Порше“. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он