Меркел до Германците: Намалете контакти и патувања

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати порака до своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го намалат патувањето на минимум, откако беше потврдено најголемото дневно зголемување на бројот на нови пациенти заразени со Ковид-19 во државата.

Доколку граѓаните на Германија не ги намалат своите контакти, „сите заедно ќе се соочиме со големите предизвици што овој вирус ги претставува“, рече канцеларката.

Иако не е погодена од пандемијата како и некои други европски земји, дневниот пораст на бројот на нови инфекции во Германија продолжува да расте. Минатата недела, Германија за првпат објави дека вирусот е потврден кај повеќе од 10.000 луѓе за еден ден, а денеска тој број беше 14.714, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД