Капитенот на Реал Рамос ќе игра во „Ел класико“

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан објави дека клупскиот дефанзивец Серхио Рамос ќе учествува во дуелот од седмото коло од Ла Лига против Барселона.

Како и да е, не би го ризикувале здравјето на Рамос. Тој е капитен на тимот и еден од клупските лидери. Сега гледаме позитивна динамика во закрепнувањето, па тој ќе влезе на теренот против Барселона, изјави Зидан за „Марка“.
Рамос се повреди на натпреварот од 6. коло на Шпанското првенство против Кадиз (0:1), поради што го пропушти воведниот натпревар од Лигата на шампионите со Шахтјор (2:3).

Натпреварот Барселона – Реал ќе се игра утре (24 октомври) со почеток во 16 часот.

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донираше 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите

А1он

Фудбалерите на Реал го шокираа фудбалскиот свет – никој нема да оди на доделување на „Златната топка“

А1он

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски