„Кралот“ на фудбалот, Пеле го слави 80-от роденден

Од:

Легендарниот бразилски фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, денеска наполни 80 години.

Пеле е единствениот фудбалер во светот што трипати го има освоено Светското првенство како играч. Тој е исто така најдобар млад фудбалер за СП 1958 и најдобар играч за СП 1970, освојувач на Интерконтинентален куп и Копа Либертадорес, освојувач на Суперкупот на меѓуконтинентални шампиони и десеткратен шампион на државата Сао Паоло.

Во текот на својата кариера, Пеле играше за Сантос и Њујорк Космос, а исто така одигра 92 натпревари и постигна 77 погодоци за репрезентацијата на Бразил.

За време на неговата кариера, бразилската легенда има просек од речиси еден гол по натпревар – постигна 1.289 гола на 1.363 средби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск