Интензивно се работи на ревитализација на црквата Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

Од:

Конзервација и заштита на фрескоживописот во манастирската црква Успение на Пресвета Богородица како и замена на камени плочи на покривот од објектот се извршуваат периодов во Лешочкиот манастирски комплекс, информираа од манастирското настојателство.

Конзервацијата и заштитата ја извршува Национална установа Национален конзерваторски центар како надлежна институција за заштита на културното наследство заштитено со закон во рамки на проектот започнат уште во 2019 година.

-Се прави заштита на фрескоживописот со соодветни материјали за пополнување на вдлабнатините или изразмнување на испакнатини, санирање на влагата како и мерки за заштита од оштетувања и распаѓање. На покривот се поставуваат нови камени плочи и соодветни спојки од бакар за да не навлага водата во внатрешноста. Следува и работа на дренажа околу црквата со цел заштита од подземни води. Работите се извршуваат поради многуте оштетувања на фрескоживописот, фасадата и на покривот, информираат од манастирскиот комплекс Света Богородица и Свети Атанасиј-Лешок.

Првата фаза од ревитализацијата на конакот и црквата започнаа во јануари со остранување на стариот и дотраен градежен материјал. Дел од проектот на установата е реконструкција на конакот. Црквата Успение на Пресвета Богородица датира од 14 век.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите