Османи: Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Бугарија

Од:

Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе има официјална реакција на последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, Османи рече дека токму нашите реакции на оваа изјава имаат интенција да бидат искористени во една предизборна кампања.

– Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, кој што има интенција, токму со оваа изјава, за потоа нашите реакции да се искористат во рамки на една предизборна кампања. Не мислам дека ова ниту нам ни служи, ниту им служи на меѓусоседските односи и она што сакаме да го постигнеме заедно како две земји, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија