Убиени Срби на Косово

Од:

Милован Јетвиќ и неговата споруга Лилјана се убиени во нивниот дом во селото Талиновац, во близина на Урошевац.

Брачниот пар биле повратници на Косово, а Милан бил претставник на селото, соопштува косовската полиција, која покрена опсежна истрага во која ги вклучи и спрецијалните истражнни единици.

Брачниот пар имал околу 55 години, а убинеата жена во селото дошла пред некој ден, но и дека никој ништо не слушнал зашто нивната куќа била издвоена, на крај на селото.

Убиените ги пронајде нивниот сосед, а ЕУЛЕКС и косовската полиција ја блокираа куќата и не пуштаат никого.

По убиството дел од српските семејства побараа евукација од селото но властите им одговориле дека селото е полно со полиција и не треба да се грижат.

Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ го осуди убиството на брачниот пар и праша што треба да им се случи на Србите за меѓународната заедница и власта во Приштина да почнат на адекватен начин да се грижи за српската заедница.

„Ниедно убистви што се има случено во Косово а каде што жртви се Срби не е расветлено, никој не е санкциониран поради тие злосторства“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина