Светска банка: Ковид пандемијата силно ја погоди С.Македонија, економската активност ќе се намали 4,1 отсто

Од:

Светска банка во последниот извештај предвидува земјава годинава да ја заврши до пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година раст од 3,6, односно 3,5 отсто.

Ова беше соопштено денеска на онлајн презентацијата на Редовниот економски извештај за Западен Балкан бр. 18 .

-КОВИД-19 пандемијата силно ја погоди Северна Македонија, со ограничување на движењето, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава на презентацијата на извештајот.

Според извештајот, Северна Македонија не е единствената земја погодена, сите држави од Западен Балкан се соочуваат со рецесија, па регионалниот раст се предвидува да се намали за 4,8 проценти во 2020 година, што е за 1,7 процентни поени пониско од априлската проекција. Вториот, посилен бран на пандемијата што почна во средината на јуни, го забави закрепнувањето во регионот. Ограничувањата на патувањата и мерките за социјално дистанцирање, исто така придонесоа за намалувањето на растот во оние земји што се повеќе зависни од туризмот, стои во извештајот.

Во регионот најголем пад се предвидува во Црна Гора од 12,4 отсто, Косово 8,8 отсто, Албанија 8,4 отсто, Бих 3,2 отсто и Србија 3 отсто. За сите земји следната година е предвиден раст и тоа 6,9 отсто за Црна Гора, пет отсто за Албанија, 3,7 отсто за Косово, три отсто за БиХ и 2,9 отсто за Србија.

Сметаат дека иако со поддршка на Владата, Северна Македонија го ублажи влијанието од кризата врз пазарот на труд, стапката на невработеност се зголеми на 16,7 проценти, првпат од 2011 година, бидејќи во вториот квартал од годината 17 690 лица ги загубија своите работни места. Програмите за поддршка на Владата, исто така, помогнаа во ублажување на влијанието врз работниците и фирмите, но фискалниот простор се стесни бидејќи долгот надмина 60 проценти од БДП. Бидејќи крајот на економската криза е несигурен, наведуваат во извештајот, притисоците врз пазарот на трудот и врз приходите веројатно ќе продолжат уште неколку месеци.

-Краткорочните изгледи за Северна Македонија се позитивни, но доминираат надолните ризици. Фазата на сузбивање на пандемијата сé уште не е завршена и продолжената пандемија, заедно со сé уште важечките мерки за социјално дистанцирање може уште повеќе да го одложи закрепнувањето, оцени Паолучи, кој додаде дека понатаму, економските и социјалните мерки за справување со кризата ќе бидат главен приоритет, но исто така, ќе биде важно и да се продолжи со неопходните среднорочни фискални реформи, реформи во областа на конкурентноста, животната средина и доброто управување со јавните политики, за да се постигне одржливо закрепнување и пристап во ЕУ.

Од Светска банка сметаат дека доколку има порестриктивни мерки тие нема да имаат толкаво влијание како на почетокот на кризата.

-Доколку би имало нови рестриктивни мерки наша претпоставка е дека шокот врз потрошувачите и фирмите би бил помал, бидејќи во изминатите месеци имаа време да се присппособат и вкупниот ефект би бил помал од оној во април и мај, рече Бојан Шимбов од Светска банка.

Потенцираат дека приватниот сектор во периодот што ќе следува откако би завршила кризата, треба да се насочи на дигитализација и иновации.

-Ковид-кризата има влијание на промена на потрошувачките навики, е-трговија, работа од дома, комуникација од дома и сето ова имавлијание на однесувањето на потрошувачите и фирмите кои треба да се прилагодат, рече Шимбов. Тој додаде дека е спроведено истражување од страна на Светска банка за потенцијалот на фирмите за нови производи и процеси и резултаите покажуваат дека од една страна имаме недоволна адаптибилност на фирмите во Западен Бакан.

Триесет отсто се изјасниле дека вовеле нови бизнис процеси, но има недоволен број што покажуваат адаптибилност кон новата реалност. Исто така и дигитализацијата што би им овозможило е-трговија во Северна Македонија е 60 проценти, а во останатите земји е понизок.

Позитивно, според Светска банка, е што во Северна Македонија, Србија и БиХ добар дел од фирмите се изјасниле дека во последните три години вовеле нови производи и услуги што би им помогнале да се приспособат на новата реалност.

Од Светската банка посочуваат дека пандемијата има значителен ефект врз јавните приходи, кои и пред кризата беа пониски во однос на европскиот просек и изнесуваат 30 проценти од БДП. Порачуваат дека во периодт по заздравување, јавните политики треба да се фокусираат кон подобрување на јавните приходи, што би се овозможило со зголемување на даночна база, намалување на даночни ослободувања, што би придонело да се наплати она што останува ненаплатено и изнесува околу 30 проценти. Потоа подобрување на даночната дисциплина и борбата против сивата економија, односно да се труди државата да наплати повеќе даноци и да ги намали дупките што ги користат граѓаните и фирмите. Како пример наведоа дека кај ДДВ потенцијално наплатливото и она што се наплатува е 37 проценти и што енајвисоко во регионот.

Потоа меѓу она што сметаат дека треба да се воведе се нови даноци пред се поврзани со животната средина, дигиталното оданочување што би донело екстра приходи во државната каса.

Покрај политики на приходната, препорачуваати и на расходната страна кај јавните инвестициии нивно зајакнување, контрола на преземените обврски, реструктуирање на трошењата, фискални правила и воведување фискален совет. Фокусот да се стави на човечкиот капитал, особено врз здравството и образованието кои во иднина би придонеле за развој, да се работи на поригорозна контрола на фискалните ризици, и контрола на трошењата на јавните претпријатија и договорот за јавно-приватно партнерство.

Од Светска банка сметаат дека треба да се внимава и на ефикасносста и менаџирањето со јавните инвестиции, да се зајакне конкуреноста, и во делот на државната помош таа да се реструктуира и да се распределува подеднакво, а не како досега во одредени сектори и компании.

Како значаен за иден потенцијал за раст го посочуваат и човечкиот капитал кој во земјава е под просекот за Европа и Средна Азија.

-Овој резулат е движен од послабите резулатати во образование и пробелмите почнуваат од претшколската каде што имаме мал број деца, потоа продолжуваат во основно и средно, каде резултатите се пониски в споредба со земјите од регионот и потоа продолжуваат во трансферот од обрзовнание на пазарот на труд, рече Шимбов и додаде дека пандемијата ќе го намали оној напредок што е постигнат меѓу тестирањата од 2015 во 2018 година за 20 проценти.

Истакнува дека децата во средно образование се функционално неписмени, односно знаат да читаат, но не разбираат што ќе прочитаат, а дека тоа сега пандемиајта ќе го зголемии затоа е потребен посебен фокус на овие политики.

На новинарско прашање за тоа дали би имало доволно средства на пазарите за задолжување, беше посочено дека земјата веќе издаде државна обрзница по најниски стапки и имаше поддршка од меѓународните финансиски институции. Но, сметаат дека таа поддршка наредната година нема да биде потребна, а пристапот до средства на пазарите е лесен бидејќи има ликвидност, С.Македонија се проценува како земја со умерен ризик, а влијание врз намалување на ризикот за инвестирање во државните обврзници ќе имаат и преговорите за пристапување во ЕУ, фискалните планови на среден рок, програмите на реформите што се спроведуваат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница