Чешка воведува построги мерки и полициски час по скокот на бројот на новозаразени

Од:

Нови ограничувања во борбата против пандемијата на новиот коронавирус објави чешката Влада, вклучително и ограничувањата на слободното движење, откако серијата претходни рестриктивни мерки не успеаја да го забават наглиот пораст на бројот на нови инфекции.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини за мерките, но исто така рече дека, доколку не бидат преземени, чешкиот здравствен систем ќе „пропадне“ помеѓу 7 и 11 ноември.

– Немаме време за чекање, рече Бабиш. -Зголемувањето на нови случаи е огромно.

Ограничувањата ќе стапат во сила утре и ќе траат најмалку до 3 ноември.

Министерот за здравство Роман Примула детално објасни дека Владата наредила затворање на многу продавници, трговски центри и хотели. На луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, со некои исклучоци.

Владините канцеларии исто така ќе го ограничат работното време. Според новиот режим, продавниците за храна и лекови, аптеките и бензинските пумпи ќе останат отворени.

Седумдневниот просек на нови случаи во Чешка во последните две недели се искачи од 29,59 случаи на 100.000 лица на 6 октомври, на 85,64 случаи на 100.000 лица во вторникот.

Од денеска во сила е претходно донесена мерка за носење заштитна маска на отворено и во автомобили.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага