Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се откажува од претходните повици за дипломатско решавање на конфликтот со Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах.
„За конфликтот околу Нагорно Карабах нема да има дипломатско решение долго време,“ изјави Пашинјан во видеопорака на Фејсбук, обвинувајќи дека Азербејџан не е подготвен за компромис.
Најжестоките борби меѓу силите на двете земји во последните 30 години, траат речиси еден месец.
„Сите надежи за дипломатско решение мора да се сметаат за завршени. Ние секогаш велевме дека сме подготвени да го решиме прашањето врз основа на компромис. Но, тоа што е што е прифатливо за ерменската страна, сега е неприфатливо за азербејџанската страна,“ нагласи ерменскиот премиер.
„Во сегашната ситуација нема друг излез освен со оружје в раце да се бориме за правата на ерменскиот народ. Денес треба да земеме оружје и да продолжиме да ја браниме татковината. Само на тој начин можеме да постигнеме дипломатско решение прифатливо за нас. Бидејќи Азербејџан не се согласува за ништо друго освен со капитулација на Нагорно Карабах, рече Пашинјан.