Одржан состанок на интердисциплинарниот комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на С.Македонија и Грција

Од:

Министерството за надворешни работи соопшти дека во понеделникот на 19 октомври се одржал состанок на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Република Северна Македонија и на Република Грција, основан согласно членот 8 став 5 од Договорот од Преспа. Следниот состанок на Комисијата, се очекува да се одржи во ноември.

Во заедничкото соопштение од петтиот состанок на интердисциплинарниот комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се наведува дека поради Ковид-19 се одржал по електронски пат и бил во колегијална и конструктивна атмосфера.

-По меѓусебното запознавање, двете делегации врз основа на утврдените Заклучоци од предходните состаноци на Комитетот разменија информации за покренатите прашања од програмите, школските книги и соодветниот пропратен материјал на двете земји. Двете страни се согласија да продолжат со остварување на мандатот кој им е доверен согласно Преспанскиот договор во согласност со принципите и целите на УНЕСКО и на Советот на Европа. Двете делегации се согласија дека што поскоро треба да се одржи нивниот следен состанок, по можност и во ноември 2020 година, се наведува во заедничкото соопштение од Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Република Северна Македонија и на Република Грција, основан согласно членот 8 став 5 од Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија