Најмалку 10 полицајци се убиени денеска во напади на талибанските бунтовници во јужниот и источниот дел на Авганистан, соопштија властите.
Шестмина полицајци загинаа кога талибанските бунтовници го нападнале контролниот пункт во Мукур, во јужната провинција Газни, истакна окружниот гувернер, додавајќи дека во нападот на вториот контролен пункт во истиот реон биле повредени четворица припадници на полициските сили.
Четворица припадници на пограничната полиција се убиени кога возилото во кое се наоѓале налетало на бомба поставена на пат во источната провинција Нангарар, која се граничи со Пакистан.
Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за овие напади, додавајќи дека убиле уште најмалку двајца полицајци во Газни.