Годинава компанијата „Варус’ одбележува 30 години постоење на македонскиот и пазарот на југоисточна европа. Основана во 1990 година, „Варус“ е меѓу првите приватни компании за промет на големо со лекови, хемикалии, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински средства.
„Варус“ е 30 години ексклузивен застапник и дистрибутер за РС Македонија, Албанија и Косово на најстарата хемиско-фармацевтска компанија во светот Merck KgaA од Германија. Портфолиото на компанијата, кое има повеќе од 20.000 производи, исто така ги вклучува и производите и услугите на Sigma-Aldrich, Millipore, Kurita и Бионика Фармацеутикалс.
„2020 година е особено важна за нас. Нашата стратегија за зголемување на регионалното присуство полека се заокружува и сега нашиот фокус е на интернационализација на активностите. Компаниите во нашата Групација во регионот ги одбележуваат своите јубилеи – „Бионика“ во Северна Македонија 10 години и „Новос“ во Србија бележат 25 години постоење, додека „Варус“ во Косово веќе 5 години“, – истакнува Марко Нововиќ, извршен директор на компанијата.
Групацијата на „Варус“ има 90 вработени и со своите активности го покрива целиот регион. 30% од вкупните приходи се остваруваат од извоз во земјите од регионот на југоисточна европа Србија, Албанија и Косово, додека преку дистрибутерите на „Бионика Фармацеутикалс“, производите се присутни и во Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
„Варус“ активно работи на промоција и развивање на лекови и здравствени концепти, интелигентна и креативна примена на производите во корист на луѓето и животната средина, обезбедувајќи решенија кои овозможуваат подобар квалитет на живот, потикнуваат иновации и ефикасност.
„Веќе три децении придонесуваме за подобрување на квалитетот и продолжување на животот на пациентите во земјите каде работиме. Ги правиме достапни најновите иновативни терапии за луѓето од нашето опкружување и со тоа влијаеме на целокупниот развој на општеството. Со нашата експертиза и хуман пристап, партнери сме на многу професионалци кои работат на полето на природните науки, овозможувајќи им решенија во нивната секојдневна работа.“,- истакнува извршниот директор на компанијата.
„Варус“ е партнер и поддржувач на здруженијата на пациенти и невладини организации со годишни спонзорства за реализирање на нивните активности како и подигнување на јавната свест за одредени заболувања. Исто така овозможува директна поддршка на условите во македонското здравство со обезбедување опрема, материјали и лекови за третман на пациенти. Реализирани се повеќе проекти во десетина институции меѓу кои и Универзитетски клинички центар во Скопје, Општата болница „8 Септември“ и други институции во државата.
По повод 30 годишнината од своето основање, „Варус“ при „Детскиот културен центар Карпош“, целосно опреми едукативен центар кадешто децата и младите ќе можат да ги надградуваат своите знаења и практичните вештини од областа на природните науки. Оваа активност е континуитет на заложбите на „Варус“ за подобрување на општествено економските услови и поддршка на целокупниот развој.
Новиот визуелен идентитет на компанијата претставува одраз на историјата и почетоците со фокус на индивидуалните правци на развој на сите членки во групацијата и во склоп на заедничката стратегија и правци за развој. Производите на компанијата етапно ќе се менуваат во согласност со новиот визуелен идентитет во претстојната година, според планот направен за сите пазари поодделно.
Веб страна на „Варус“: https://varus.mk/
Веб страна на „Бионика“: https://bionikapharm.mk/
Корпоративно видео по повод 30 години „Варус“: https://we.tl/t-xvsD7CLd77
ПР Текст