Повторени парламентарни избори во Киргистан на 20 декември

Од:

Повторените парламентарни избори во Киргистан ќе се одржат на 20 декември, објави Централната изборна комисија.

– Членовите на Централната изборна комисија денеска одлучија повторените избори за парламентот на Киргистан ќе се одржат на 20 декември, рече портпаролот на Комисијата.

Тој додаде дека подготовките за одржување нови избори почнуваат денеска.

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков минатата недела поднесе оставка, по немирите што ја тресат земјата од 4 октомври.

Женбеков претходно го назначи Садир Жапаров, политичар кој побара негова оставка, за нов премиер во обид да се стави крај на политичката криза што ја зафати земјата.

Немирите во Киргистан избувнаа по објавувањето на резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври, кога илјадници незадоволни луѓе се собраа во центарот на Бишкек и упаднаа во зградата на Владата и Парламентот и се судрија со полицијата.

Претседателот на Киргистан е обвинет за учество во местење на резултатите од парламентарните избори и за купување гласови, како и за заплашување на гласачи.

Централната изборна комисија ги поништи изборните резултати по насилните демонстрации, а два дена подоцна, Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град и ѝ нареди на армијата да воведе ред.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска