Кој светски лидер зема најголема плата?

Од:

Премиерката на Австралија, Џулија Гилард, најплатената личност во групата Г20, стана уште побогата.

По второто зголемување во последните три месеци во износ од 14.827 долари, годишната плата и достигнала висина од 508.262 долари, што е за 25% повеќе од платата на американскиот претседател Барак Обама, а два пати повеќе од британскиот премиер Дејвид Камерон.

Новиот претседател на Франција, Франсоа Оланд, како еден од првите чекори кои ги направи, откако стапи на должност, беше смалувањето на својата плата за 30%. Своите примања за третина ги скрати и јапонскиот премиер Јошико Нода.

Листата на најплатени лидери во групата Г20, без премиерката на Австралија изгледа вака:

  • Претседателот на САД Барак Обама во 2011-та година примил плата од 400.000 долари
  • Канадскиот премиер Стивен Харпер заработил 295.000 долари
  • Германскиот канцелар Ангела Меркел примила плата од 283.608 долари
  • Британскиот премиер Дејвид Камерон заработил 222.000 долари
  • Јапонскиот премиер Јошико Нода – 210.000 долари

Најголема плата меѓу лидерите, надвор од групата Г20, има првиот човек на Сингапур Ли Хсјен Лонг. Неговата плата изнесува неверојатни 1.7 милиони долари, а по него е шефот на извршната власт на Хонг Конг – Леунг Чун-јинг со заработка од 550.000 долари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница