Папата Франсис пред 200.000 верници ги сподели личните моменти и призна дека понекогаш спие додека се моли на крајот на денот.
-Понекогаш заспивам, совладан од заморот на крајот на денот, но Господ тоа го разбира-истакна тој во разговорот со учениците на големиот меѓународен собир на католичките здруженија на плоштадот Свети Петар во Рим.
Насобраните верници и претставниците на католичките здруженија, од кои многумина се вклучени во добротворна работа, неколку пати го прекинаа неговото обраќање со чести аплаузи.
Елена Георгиевска