ВИДЕО: Силен земјотрес прекина интервју на исландската премиерка

Од:

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за американски „Вашингтон пост“.

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-Ен-Ен.

– Извинете, само што имаше земјотрес, рече Јакобсдотир која потоа се насмеа и додаде „Па, ова е Исланд“.

– Добро сум, куќата е силна, затоа не грижете се, рече 44-годишната премиерка, кој е на чело на островската држава од 2017 година.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера погоди област на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски