ВИДЕО: Египетски полицајци изведоа неверојатна парада што ќе се памети

Од:

Власта на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси е позната по склоноста да ја прикажува силата на безбедносните служби во државата на помпезен начин и со грандиозни манифестации, но се чини дека годинешната парада на египетската полиција ќе остане во долго сеќавање по својата екстравагантност.

Стотици припадници на полициските сили на земјата, поголемиот дел штотуку дипломирани полицајци, голи до појасот и во манир на стриптизери, качени на своите возила, велосипеди, мотори, глисери, камиони, џипови и оклопни транспортери, стоејќи мирно, продефилираа пред претседателот ал-Сиси и илјадниците присутни граѓани.

По ова, египетските полицајци изведоа блескава програма од најразлични вежби и прикази на тактичките и физичките способности, придружени од музика и звучни ефекти. Египетската државна телевизија го пренесуваше настанот во живо и на Јутјуб, а за вистинските сладокусци, достапна е и комплетната, двочасовна снимка од парадата:

Снимките од чудната полициска парада станаа вирални и го обиколија светот, а меѓу коментарите на социјалните мрежи се среќаваат и такви што ја споредија естетиката на настанот со прајд парада, како и шеги на сметка на претенциозниот стил на демонстрација на моќта што го практикуваат египетските власти.

Би можело да ве интересира

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп