САД ги прошируваат санкциите против рускиот гасовод Северен поток 2

Од:

САД воведуваат санкции кон компаниите кои обезбедуваат услуги или капацитети за надградба или инсталирање на опрема за бродови за поставување на гасоводот Северен поток 2.

На сајтот на Стејт департментот се наведува дека таквите активности подлежат на санкции според ПЕЕСА (Законот за заштита на Европската енергетска безбедност).

САД, поддржани од Полска, балтичките држави и Украина, долго време се обидуваа да ја блокираат изградбата на гасовод за пренесување на руски гас преку Балтичко Море до Германија.

Во декември 2019 година, заканата од американски санкции ја принуди швајцарската компанија „Олсис“ (Allseas), специјализирана за поставување цевководи, да се откаже од проектот, оставајќи само околу 160 километри до завршувањето на гасоводот. Сега Русија сама го комплетира Северен поток 2.

Претходно, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД градат коалиција против гасоводот Северен поток 2.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии